Русија гранатирала станбена зграда во Киев, а има и жртви, јавуваат украинските медиуми.
Украинската служба за итни случаи дојавата ја добила околу 5 часот по локално време утрово, а како што јавуваат медиумите зградата сè уште е во пламен.
Државната телевизија во Украина првично јави дека има најмалку еден загинат, но „Киев индипендент“, пренесува дека има најмалку две жртви и тројца повредени во ракетен напад. Истата информација ја објавиле и од службата за итни случаи. Оттаму споделија и фотографии кои покажуваат како чад се крева од гранатираната деветокатница, додека пожарникари се обидуваат да ги спасат жителите кои живееле таму.
⚡️Apartment block in Kyiv on fire after shelling.
Firefighters are putting out fire in the 9-story apartment block on 20 Bohatyrska St. in the Obolon neighborhood, according to the State Emergency Service.
The building was hit at around 5 a.m.
Video: State Emergency Service pic.twitter.com/uOe9AeGU7J
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) March 14, 2022
Покрај станбената зграда, ракетиран и аеродромот „Антонов“ во Киев, јави Би-би-си. Тој е најважниот карго аеродром во Украина, но и клучна воена воздушна база. Овој аеродром беше цел на неколку напади од почетокот на руската инвазија.