„Гранит“ ќе ја гради првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

„Гранит“ од Скопје и официјално е избран за најповолен понудувач за изведбата на првите два километри од автопатот Скопје – Блаце. Во просториите на владата утре и официјално ќе се потпише договорот за изведба на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце. Тендерот за автопатот Скопје – Блаце овој пат заврши успешно, откако три компании „Гранит“, „Бетон“ и бугарската „ИСА 2000“ доставија понуди за учество во постапката.

Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека скопски „Гранит“ доставил најповолна понуда за изградба на автопатот, а склучувањето на договорот со оваа компанија следи по изминувањето на рокот за поднесување жалби од останатите понудувачи.

Градежните работи на терен се очекуваат да започнат претстојнава пролет, при што од ЈП за државни патишта очекуваат во периодот април – јуни 2020 година да се распише и тендерот за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од автопатот Скопје – Блаце. За втората фаза од целокупната траса долга 12,5 километри во моментов се изработува проектната документација. Изградбата на целиот автопат Скопје – Блаце се очекува да чини околу 110 милиони евра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …