Грчките служби досега спасија двајца од тројцата македонски државјани од морето кај Посиди

Грчките служби досега спасија двајца од тројцата македонски државјани од морето кај Посиди

Двајца од тројцата македонски државјани на возраст од 25, 28 и 30 години досега се спасени од морските води кај Посиди, Халкидики. Грчките спасувачки служби од вчера попладнето ја почнаа потрагата по трите лица, при што најпрво вчера го спасија 25-годишното лице, а денеска по 18 часа во вода, е спасено и второто 30-годишно лице.

Од Министерството за надворешни работи (МНР) велат дека нашите дипломатски-конзуларни претставништва во Грција се во интензивна комуникација со надлежните грчки органи за пронаоѓање на нашите државјани кои вчера влегле да се бањаат во морето, и покрај лошото време.

Со помош на едно приватно пловило, најпрво вчера, едниот од загрозените бил спасен после два часа поминати во вода.

По продолжување на потрагата од грчките спасувачки служби, утрово е добиена потврда за пронаоѓање на уште еден од групата, кој исто така е во добра здравствена состојба, иако веќе подолго време бил во вода.

„Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е во комуникација со семејствата на загрозените наши државјани, и стои на располагање за секаква помош. Потрагата на грчката крајбрежна служба продолжува за пронаоѓање и на третиот исчезнат“, се наведува во соопштението на МНР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …