парно радијатор грејна сезона

Грејната сезона започнува на 15 октомври

Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври

Грејната сезона започнува на 15 октомври и ќе заврши на 15 април, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).

Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.

„РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници. Во исто време, РКЕ и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона“, соопшти РКЕ.

Согласно последната одлука од 1 август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за 3,16 отсто, додека околу 1200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 отсто.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Европска (не)перспективност пред посетата на Урсула фон дер Лајен

Најавата за посета на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Северна Македонија …