парно радијатор грејна сезона

Грејната сезона завршува денес, стартува „преодниот период“ до 30 април

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од страна на РКЕ, снабдувањето со топлинска енергија може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи

Грејната сезона завршува денес, на 15 април, а стартува таканаречениот „преоден период“ кој трае до 30 април, информираше Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ)

Како што велат од таму, од утре па сè до крајот на април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени целзиусови, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен целзиусов.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Сипаници кај овците: 64 жаришта и 10.000 угинати

Во Северна Македонија се потврдени 64 жаришта на сипаници кај овците, а околу 10.000 грла се угинати. Надлежните …