„Гринфилм“: Можност за младите филмаџии да ја пренесат нивната порака за заштитата на животната средина

Младите заљубеници во природата кои имаат желба преку филм да ја пренесат својата порака за заштитата на животната средина имаат можност тоа да го сторат до 1 декември преку конкурс за кратки филмови.

Europe House ги повика младите луѓе на возраст од 15-25 години да учествуваат на конкурсот #GREENFILM за кој нивна задача ќе биде да продуцираат кратки филмови од 30 секунди до 3 минути со главен фокус на идентификување на проблемите поврзани со животната средина. Целта на оваа активност е да ги натера младите луѓе да се вклучат во прикажувањето на овие проблеми на креативен начин, а истовремено да ги натера да ги истражат нивните идни можности во светот на филмот.

Документарните филмови или фикциите кои ќе ги создадат младите ќе ги оценува жири-комисија која ќе ги избере десетте најдобри кои ќе бидат прикажани на проекциска вечер во МКЦ кога ќе биде објавен и победничкиот филм за кој авторот ќе добие професионална камера.

Право на учество имаат сите млади од 15 до 25 години кои се македонски граѓани и ќе изработат филм во времетраење од 30 секунди до 3 минути на македонски, албански или англиски јазик.

Конкурсот трае од 00:00 часот на 28.10.2021 година до 00:00 часот на 01.12.2021 година.

Натпреварувачите можат да споделат и мала промоција на филмовите од 10 секунди која може да ја промовираат на Инстаграм со хаштаг #GreenFilm2021 #EuropeHouseSkopje #EuropeHouseStrumica #EuropeHouseKrivaPalanka

Заинтересираните учесници не треба да имаат претходна обука како филмаџии. Доволно е само да имаат идеја и желба да продуцираат филм кој може да го снимат со кој било уред за снимање: камера, телефон или ipad. Финалниот производ (филм) треба да се испрати на е-маил адресата на Europe House: euinfo@euhouse.mk како vimeo линк. Повеќе информации за конкурсот и начинот на апликација има овде.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дарја Ризова доби награда за најдобра актерка на меѓународен фестивал во БиХ

Македонската театарска актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка од публиката на деветтото …