Грипот со растечки тренд

Според извештајот на Институтот за јавно здравје во земјава е регистриран среден праг на интензитет на активноста на вирусот на грипот. Случаите на заболувања ќе бидат во пораст во наредните две недели, но тоа е вообичаено за овој период од годината, велат епидемилозите.

Во минатата недела имаше околу 1250 заболени со клиничка слика на грип, но карктеристично е тоа што половина од примероците се позитивни на грип, вели епидемилогот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје

„Овој интензитет минатата недела спаѓа во средно ниво на активност. Но, она што го карактеризира периодот од пред две недели е релативно високиот процент на позитивни случаи што укажува на високо распространетост на вирусот меѓу населението. Она што ја карктеризира сезоната е и тоа што почна релативно доцна, четири до пет недели подоцна“, вели доктор Микиќ.

Се наоѓаме во сезона на грип од крајот на декември односно почетокот на јануари кога во Институтот е потврдена инфекцијата. Лекарите велат дека во циркулација се два подтипа на вирусот АХ1Н1 и АХ3 за кои постои вакцинација, а со имуназиција се опфатени сите ризични групи

„Она што го карактеризира појавувањето на грипот е што еднаш кога ќе почна де се зголемува очекуваме две до три недели континуиран пораст и достигнување на пикот. Оваа недела имаше двојно зголемување во однос на претходната. Следна недела очекуваме поголем број случаи, но неблагодарано е да се прогнозира колкав ќе биде интензитетот. Карактеристично е што имаме релативно поголем број на хоспитализирани“, вели доктор Микиќ.

Распространетоста и тежината на болеста ги одредува нивото на имунитетот. Клиничката слика ја одликуваат општи симптоми како болки во мускулите, зголемена температура, општа малаксаност, течење на носот, суво надразнувачко кашлање. Особено се загрозени постарите лица од 65 години, хронично болните и сите кои доаѓаат во контакт со поголем број луѓе.

Вирусот се шири по директен и индиректен пат. Лекарите велат дека треба да се избегнуваат затворени простории во кои престојуваат поголем број луѓе и да се одржува хигиена на просториите и работните површини.

„Треба да се избегнува подолг престој во затворени простории, просториите да се проветруваат, а покрај личните мерки на заштита и миење раце, најважано е лицата кои имаат грип додека траат сипмтомите да не одат на работа“, вели Микиќ, додавајќи дека ​ вакцинација е најдобра превенција од грип.

Во заводите има и бесплатна вакцинација за сите граѓани. Досега вакцинирани се преку 40 илјади лица што е значително повеќе од лани кога биле вакцинирани 28 илјади.

Во минатата недела кај нас починаа петгодишно девојче и 25 годишна девојка од компликации предизвикани од свински грип. Во околните земји грипот коси во Романија, Босна и во Хрватска каде што повеќе лица починаа.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …