Грковска: Фокусирани на борбата против неформалната економија и креирање на мерки и политики со коишто ќе се искорени оваа појава

Грковска: Фокусирани на борбата против неформалната економија и креирање на мерки и политики со коишто ќе се искорени оваа појава

Сивата економија го поткопува интегритетот на целиот наш даночен систем, поради тоа заеднички сме фокусирани на борбата против неформалната економија, против корупцијата и еднаква примена на законите за сите субјекти и граѓани, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на денешната онлајн конференција „Неформалната економија – причини, предизвици и потенцијални решенија“, во организација на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ и УНДП.

Зборувајќи за предизвиците што ги носи неформалната економија, Грковска посочи дека скриената економија е комплексен феномен и токму поради тоа, сузбивањето бара сериозен и темелен пристап, како и креирање на сериозни мерки и политики со коишто ќе се искорени оваа појава. Вицепремиерката нагласи дека, како негативна општествена појава, неформалната економија претставува значаен предизвик и горчлив проблем за сите држави.

„Како Влада силно сме посветени на подобрување на условите за работење и обезбедување подобра бизнис средина и создавање услови за непречено функционирање на компаниите според пазарните принципи, зашто односот помеѓу корупцијата и нерегистрираната економија е правопропорционален. Високата корупција ја зголемува мотивацијата за работа во неформалниот сектор и високата корупција влијае негативно на примената на законските прописи“, рече Грковска.

На конференцијата вицепремиерката истакна дека справувањето со сивата економија зависи од низа фактори. Секако еден од нив е дигитализацијата, на што оваа Влада е сериозно посетена, но и јакнење на системот на контрола на инспекциските служби, како и јакнење на казнената политика. Менување на перцепцијата дека неформалната економија е сигурна зона каде нема контроли и казни. И секако, јакнење на јавната свест, зашто повеќето граѓани не се свесни дека сивата економија има директно негативно влијание врз квалитетот на нивниот живот, потенцираше вицепремиерката.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …