Грковска на средба со струмичките средношколци: Интегритетот, чесноста и одговорноста се клучни вредности за градење подобро општество

Грковска на средба со струмичките средношколци: Интегритетот, чесноста и одговорноста се клучни вредности за градење подобро општество

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска го посети СОУ „Јане Сандански“ во Струмица, во рамки на активностите за млади кои се организираат под мотото „Зависи од мене и тебе“.

На средбата, по повод крајот на училишната година, која се одржа во неформална атмосфера во училишниот двор, вицепремиерката Грковска разговараше со учениците за интегритетот, чесноста, одговорноста, како клучни вредности кои ја одредуваат личноста, но од кои зависи и во какво општество живееме.

„Интегритетот значи да се има морал и етика кои ве водат, без оглед што е тоа што го правите дури и кога имате притисок од околината да постапите поинаку. А одговорноста значи да се исполнува обврската кога ќе се преземе и да се застане зад своите одлуки и постапки“, истакна вицепремиерката Грковска, додавајќи дека личниот пример е исклучително значаен во справувањето со негативните појави во општеството.

Учениците се осврнаа на предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието, на практиките во општеството кои ги сметаат за нефер и неправедни, како и на врсничкото насилство, како еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваат.

„Општеството го градиме сите ние и неслучајно слоганот кој го користам кога зборуваме за младите и доброто владеење е „Зависи од мене и тебе“. Но, иднината ви припаѓа вам и затоа вашиот глас и мисли мора да ги земаме предвид што и да правиме, какви одлуки и да носиме“, нагласи вицепремиерката Грковска и ги повика учениците да се вклучат и во идните активности на Кабинетот за политики за добро владеење, кои се фокусирани на младите.

Прочитајте повеќе

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Платата на премиерот е 140.450 денари, а на министрите по 115.540 денари

Владата јавно ги објави платите на претседателот на Владата, како и на министрите. Според објавените податоци, највисока …