Грковска

Грковска: Со стратегијата за дигитализација во фокус ги ставаме најдобрите решенија за граѓаните кои го гарантираат доброто владеење низ институциите

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, во интервју за ТВ 21 истакна дека процесот на дигитализација во нашата држава во наредниот период ќе биде спроведена со стратешки пристап со мапирани приоритети во точно определени периоди за да постигнат сеопфатни, ефикасни и одржливи решенија кои во фокусот ќе го имаат интересот на граѓаните и ефикасноста на институциите.

„Во соработка со експертите од Естонија со која што Владата на Северна Македонија потпиша договор за подготовка на стратегијата, и со поддршка на американската влада во наредниот период ќе се подготви еден патоказ, роуд-мап, кој на краток, на среден и на долг рок ќе ги утврди кои се таргетите во држава што треба да ги постигнеме и на каков начин“, нагласи заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Грковска.

Грковска дополни дека улогата на нејзиниот кабинет е во соработка со сите институции да ги координира активностите и да се најдат најдобрите решенија за процесот на дигитализација и за другите области кои го гарантираат доброто владеење низ институционален систем што ќе функционира ефикасно и транспарентно.

„Да го поставиме системот во една стабилна форма, која за мене како граѓанин ќе гарантира долгорочна платформа поддржана од сите институции која што понатаму било која влада и да дојде, ќе продолжи да ја надградува и усовршува“, потенцираше заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …