Грозев: Руски воени разузнавачи вклучени во труењето на Скрипаљ со години роварат низ Европа

Група од околу 30 луѓе, припадници на Управата за воено разузнавање на Генераштабот на оружените сили на Руската федерација (порано позната како ГРУ) со години се занимава со дестабилизирачки активности во Европа и на Балканот, вклучувајќи и убиства.

Ваквото обвинување во утринската програма на бугарската телевизија „бТВ“ стаса од устата на Христо Грозев, новинар кој е дел од тимот на истражувачкиот сервис „Белингкет“. Тој потсети дека во оваа група се и луѓето што се главните осомничени за обидот за убиство на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија, а се смета дека припадници на оваа група стојат и зад обидот за затрујување на бугарскиот бизнисмен Емилијан Гебрев.

Инаку, Грозев со уште двајца други колеги од „Белингкет“ минатата година ја доби наградата за истражувачко новинарство на „Европските новинарски награди“ „European Press Prize“ токму за откривањето на главните виновници за труењето на Скрипаљови.

Бугарскиот новинар објаснува дека членовите на екипата на ГРУ патуваат под лажен идентитет, со фалсификувани пасоши.

– Нашата анализа покажа дека оваа група е создадена некаде во 2009 година. До 2011 година главно патуваат и оперираат во земјите на поранешен СССР, а од таа година почнуваат да патуваат и во Источна Европа. Дури во 2014 година се осмелуваат да патуваат и во Западна Европа – објасни Грозев.

Тој објасни дека шеф на групата е генералот Андреј Верјанов.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …