Грција денеска треба да им пише на ЕУ и НАТО за зачленувањето на Македонија

Грција денеска треба да им пише на ЕУ и НАТО за зачленувањето на Македонија

До Советот на ЕУ за општи работи, кој во Луксембург ќе расправа за  почеток на пристапни преговори на Македонија и на Албанија, денеска треба да биде доставено писмото од Грција дека нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на дел од нејзините обврски од Договорот за решавање на спорот за името.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во петокот на конференција во Родос пред новинарите најави дека денеска наутро писмата со иста содржина Грција треба да ги достави до ЕУ и НАТО.

– Во мојата дипломатска канцеларија ги имаме од завчера подготвени писмата. Одбрав да ги потпишам самиот во Брисел во недела за во понеделник наутро да се достават до Европската унија и НАТО. Тоа се писма кои велат дека бев известен од другата страна за ратификацијата на Договорот во Собранието и дека врз основа на обврските и предусловите кои ги имам поставено, може да продолжат напред – рече Коѕиас.

Одлуката за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ треба да биде донесена во четврток и петок на состанокот на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

Инаку, вчера во Солун се одржа протест против договорот меѓу Македонија и Грција, јавија локалните медиуми.  Преку социјалните мрежи, групата под името „Обединети Македонци“ што го организираше протест, ги повика граѓаните да учествуваат без партиски обележја, само со грчките знамиња.

Протестот на малубројни десничари започна од Белата кула во центарот на Солун, а продолжи низ улиците, додека насобраните граѓани извикуваа слогани против владата, но и дека Македонија е грчка.

Во текот на протестот, демонстрантите застанаа пред конзулатот на Република Македонија и пред американската амбасада, па продолжија кон канцелариите на СИРИЗА и Независни Грци, при што ги нападнаат,  но полицијата ги растера со солзавец.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

пожари стрништа ниви

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Од обвинителството за Мета.мк брифираат дека во државата нема регистар на шуми и обвинителството тешко може …