Груевски нема да биде почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски ќе го менува статутот

Груевски нема да биде почесен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски ќе го менува статутот

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го менува статутот на партијата, со што ќе биде укинато местото почесен претседател. Во вчерашното интервју за ТВ 24, Мицкоски спомена дека ќе спроведе реформи за демократизирање на партијата, по примерот на другите демохристијански партии од Европа.

Сепак, тој во интервјуто посочи дека одлуката за менување на статутот нема да биде дистанцирање од Никола Груевски, кој со оваа одлука ќе го загуби местото почесен претседател.

– Тоа е статут направен согласно реформите и динамиката и е резултат на темелна анализа на статутите на неколку сестрински партии. Во моментов се дебатира во Извршниот комитет и наскоро ќе дојде на дебата во Централниот комитет – изјави Мицковски.

Лидерот на најголемата опозициска партија во вчерашното интервју одби јавно да се дистанцира од Никола Груевски и од последиците на неговата политика. Мицкоски изјави дека тој може да се извини и огради од нешто што тој самиот го сторил. Ако имало некаква штета од владеењето на претходната власт, посочи тој, тоа ќе било променето преку идните програми на владејачката партија.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …