Кривичниот суд донесе решение да ја запре постапката против поранешниот премиер, Никола Груевски за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на изградба на кинеските автопатишта во земјава. Неговиот адвокат кој беше поставен по службена должност, побарал судот да констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше.
Сите судски трошоци поврзани со оваа постапка против Груевски, ќе ги плати државата.
Судењето за овој предмет продолжува за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.