Груевски

Груевски се спаси за „Траекторија“ – предметот застарел (хронологија + „бомба 14“)

Поради апсолутна застареност на основата за кривично гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во случајот „Траекторија“, тој нема да одговара за малверзации во врска со автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, констатираше судијата.

Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе бидат платени од државниот буџет.

Адвокатот назначен по службена должност да го брани Груевски, Горан Кркински, поднел барање во кое констатирал застареност, со оглед дека се истечени шест години од времето кога е сторено кривичното дело.

Денешното рочиште за „Траекторија“ не се одржа, поради здравствени проблеми на вештакот.

Судењето ќе продолжи со Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …