ГРУЕВСКИ СТАВАЛ В ЏЕБ ПАРТИСКИ ДОНАЦИИ СО КОИ КУПУВАЛ ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО

ГРУЕВСКИ СТАВАЛ В ЏЕБ ПАРТИСКИ ДОНАЦИИ СО КОИ КУПУВАЛ ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО

Од шестмина осомничени за аферата „Плацеви на Водно “ притвор доби само Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски. Осомничен е за перење пари, истото дело за кое се гонат и Сашо Мијалков, Орце Камчев и неговата мајка Ратка.

Прв на листата осомничени е азилантот Никола Груевски. Сокривајќи од сопартијците цели шест години, донации во висина од од над милион евра, наместо на партиската сметка, ги присвоил за него.

Дека Груевски го „мерка“ земјишетто од околу 11 илјади квадратни метри се слушна и во бомбите кои тогашната опозиција ги објави во 2015-та година. За неговиот план знаел и Миле Јанакиевски, но тој засега не е осомничен. Случајот во СЈО го отвора и води обвинителката Лиле Стефанова.

Никола Груевски ги купил атрактивните плацеви но како сопственик се јавува параван фирми и луѓе. Со помош на братучедот Мијалков нашле фирма од Белизе чија трансакциска сметка и документи ја искористиле. Таа офшор фирма , основала ќерка-фирма во Скопје, а за управител го ставиле кумот Новачевски.

Пред пет години медиумите го истражуваа сомнителното потекло на фирмата на Ристо Новачевски- Сирах Инженеринг, која всушност се поврзува со Сирах Лимитед од даночниот рај Белизе. Откако СДСМ ја пушта бомбата за плацевите, го менуваат планот, па плацевите одат во рацете на Камчеви, кои се поврзуваат исто така со веќе регистрирани фирми од Белизе, соопштува обвинителството.

– За да се прикрие локацијата, движењето и сопственоста на имотот „новите сопственици“ донеле одлука за преименување на правното лице и одлука за физичка делба на парцелата од 6785 м2 на три нови парцели. За да ја прикријат локацијата и сопственоста плацевите биле пренесени на физичко лице без платен удел но со определен рок од 3 гѕодини за исплата на купопродажна цена. – велат од – ОЈО-ГОК.

Прашањето за атрактивните плацеви на Водно беше тема и на собраниска расправа во минатото. Зоран Заев обвинуваше дека Груевски смени два детални урбанистички планови и од зеленило, преминаа во градежни локации.

Жителите во близина на парцелите реагираа дека постои можност за лизгање на земјиштето доколку се гради. Сега ова земјиште од 11 илјади квадрати е замрзнато за продажба по одлука на судот.

Извор: ТВ24

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …