Група непознати лица го блокираа влезот во зградата на српски „Н1“

Група непознати лица го блокираа влезот во зградата на српски „Н1“

Непознато е зошто групата се собрала, а во меѓувреме не дозволувала никој да влезе или излезе од имотот на телевизијата

Група од стотина непознати лица се собрала пред влезот на редакцијата N1, а по еден час си заминале, објави овој медиум.

Непознато е зошто групата се собрала, а во меѓувреме не дозволувала никој да влезе или излезе од имотот на телевизијата. Носеле транспаренти на кои пишувало „Каде ви е сопственикот“ и извикувале „Не ја даваме Србија“.

Како што јавува репортерката на Н1, полицијата добила засилување. Дошле полициски службеници со опрема за рабивање демонстранти. Потоа се собрале дел од вработените во околните згради и други граѓани кои од улица, некои од прозорец, на групата собрана пред влезот на Н1 одговориле со извици „Уа“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Медиумските работници кои се согласија да го следат Претседателот во оваа посета учествуваа во злоупотребата …