Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат „село гори, баба на избори оди“. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката која осамна на страната на тајм.мк, пиштува ФРОНТЛИНЕ.
Во пораката, хакерите ги навредуваат гласачите, но и професори и интелектуалци кои влегле во политика.
Игор Трајковски од тајм.мк, на својот профил на Твитер пиша дека досега страната не била цел на волку агресивен сајбер напад и вели дека „некој фрлил многу пари за да го прави ова“.
Веќе 20.000.000 ip adresi.
Што правеле овие, го купиле цел dark web.
500MBit/sec има income traffic. pic.twitter.com/7unjOpRruM— Igor Trajkovski (@mkrobot) July 15, 2020
И претседателот на ДИК, Дерковски вчера на прес конференција соопшти дека интернет страната на Комисијата најверојатно е цел на „надворешен хакерски напад“ откако истата не беше достапна од завршувањето на гласањето, па комисијата импровизирано ги пренесуваше резултатите на Јутуб каналот.
Инаку, до утринава, според ДИК, преработени се над 93% од гласовите.