Стручните служби интензивно работат на отстранување на последиците од овој напад. Во контакт сме со сите авиокомпании и заедно бараме алтернативни решенија. Ги молиме сите патници за трпение, рече помошникот на директорот на сплитскиот аеродром, Перо Билас
Помошникот на директорот на сплитскиот аеродром, Перо Билас, утрово изјави дека ИТ системот на аеродромот во Сплит бил мета на хакерска група кој успеала да направи целосен хаос.
„Причината за нефункционалноста на ИТ системот на аеродромот Св. Џером е хакерски напад“, изјави Билас.
Тој нагласи дека за овој настан се вклучени сите надлежни служби.
„Стручните служби интензивно работат на отстранување на последиците од овој напад. Во контакт сме со сите авиокомпании и заедно бараме алтернативни решенија. Ги молиме сите патници за трпение“, надополни Билас.
Во сплитскиот аеродром Св. Џером вчера околу 19 часот и 30 минути имаше технички потешкотии во работењето на ИТ системот, поради што беше оневозможено прифаќање и испраќање на авиони и патници. Ситуацијата почнала да се нормализира околу 22:30 часот, но сè уште има извесни проблеми.