Хан: И да почнат преговорите утре, ќе минат години до зачленување во ЕУ

Хан: И да почнат преговорите утре, ќе минат години до зачленување во ЕУ

Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата.

Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување.

Могерини рече дека земјава направила големи промени, благодарение и на политичките лидери и на граѓаните.

– Северна Македонија изврши длабоки, досега невидени промени во правосудството, бробата против корупцијата и организираниот криминал и реформи на безбедносните структури и на јавната администрација. Тоа ја одразува волјата на народот, и со носење на оваа одлука и политичките водачи и граѓаните се решија да се зафатат – напомена Могерини, посочувајќи дека оценките во извештајот се стриктни и прецизни.

Таа посочи и на Договорот од Преспа и на Договорот со Бугарија, како огромна промена, што ја направила земјава.

– Врз основа на стрикната оценка, оваа година вторпат комисијата дава препорака, тоа се темели на извештајот, двете земји го направија својот дел и сега е време ЕУ да го исполни својот дел, со препорака од Советот за почеток на преговори – рече Могерини.

Таа рече дека пред пет години, кога почнувал мандатот на ЕК, имало многу предизвици што изгледале нерешливи, но благодарение на новите генерации лидери, сега се надминати.

Еврокомесарот Хан, повторувајќи го на прес-конференцијата тоа што го кажа претходно на седницата на Комисијата за надворешна политика во Европскиот парламент, посебно посочувајќи на Договорот од Преспа и на Договорот со Бугарија.

– Договорот од Преспа разреши конфликт кој траеше повеќе од 30 години. Изгледаше нерешлив, но сепак се надмина. Северна Македонија не само што продолжи со најамбициозната реформска агенда, туку и со договорот со Грција, со измената на уставот, посегнаа кон соседите. Тоа беше случај и една година претходно со Бугарија, и Северна Македонија стана добар пример за помирување и добрососедски односи и сега таа е единствената во Западен Балкан што нема билатерални проблеми – рече еврокомесарот.

Тој упати апел до земјите-членки да имаа доверба во извештаите, оти се базираат на цврсти факти. Сепак, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до полно правно членство, рече Хан, посочувајќи на најновата ЕУ-членка, Хрватска, која преговараше осум години.

– Би сакал да повторам, почеток на преговорите не значи дека ќе завршиме утре или  задутре, треба повеќе години. На Хрватска и требаа 8 години и е нереално да се очекува дека ново проширување ќе има порано од тој рок – рече Хан.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …