Хаос во Авганистан

Хаос во Авганистан

На аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул, поради огромниот број луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата, владее целосен хаос. Очајот на луѓето кои се обидуваат да се качат на некој од авионите кои полетуваат од Кабул, оди дотаму што тие дури излегуваат и на пистата со надеж дека авионите ќе запрат и дека ќе успеат да влезат во нив. Според изјави на очевидци, животот го загубиле најмалку пет луѓе. Американските војници одвреме-навреме пукаат во воздух во знак на предупредување.

Портпарол на германското Министерство за надворешни работи изјави дека во моментов нема полетувања и слетувања на авиони поради тоа што луѓе ја блокираат пистата. Експертот за безбедност од фондацијата Наука и политика, Маркус Каим, смета дека аеродромот нема уште долго да се користи за евакуација. Тоа ќе биде можно уште само неколку денови, најмногу една недела, оценува тој, а потоа „тој временски прозорец ќе биде затворен и кој не успеал да ја напушти земјата, ќе мора да остане таму“.

Afghanistan Bildergalerie Aktualisierung

Драматични сцени на аеродромот во Кабул

 

Талибанците го собираат оружјето

На улиците на Кабул изутринава владееше тишина. Продавниците и кафулињата останаа затворени. Талибанските борци го собираа оружјето од цивилите во Кабул.

Исламистите, кои владееја во земјата според „железно“ исламско право од 1996 до 2001 година, вчера прогласија крај на борбите. „Војната е завршена“, изјави портпарлот на талибанците Мохамед Наим за Ал Џазира.

Попладнево за ситуацијата во Авганистан треба да заседава Советот за безбедност на ОН. Вонредна седница побараа Естонија и Норвешка.

Infografik Wer kontrolliert Afghanistan EN

Претседателот на Комсијата за надворешна политика на Бундестагот, Норберт Ретген, смета дека итно треба да се одржи и самит ЕУ-НАТО. „Ќе дојде повторно до граѓанска војна и луѓето повторно ќе бегаат“, изјави Ретген во Берлин. Затоа тој смета дека треба да се разговара за чекорите кои треба да се преземат во оваа ситуација.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас отфрла нова воена интервенција против талибанците. „Нема да се враќаме (во Авганистан, н.з.)“, изјави тој за Скај Њус.

Кина, по освојувањето на Кабул од страна на талибанците, соопшти дека е подготвена на „пријателски односи“ со новите властодршци. „Кина го почитува правото на авганистанскиот народ да одлучува самостојно за својата судбина и е подготвена за одржување пријателски и кооперативни односи со Авганистан“, изјави портпаролка на кинеското МНР.

Русија реагира воздржано во врска со можноста за признавање на нова авганистанска влада. Не брзаме, изјави рускиот специјален пратеник за Авганистан, Самир Кабулов за агенцијата РИА. Владата во Москва има намера внимателно да ги следи потезите на новите властодршци и потоа ќе носи одлуки, рече Кабулов.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …