Хармоника направена од два компјутери Commodore 64 (ВИДЕО)

Во морето на разни од таленти на YouTube, одвреме-навреме се појавува некој гениј. Еден од нив е извесен Линус Акесон. Овој цар пред неколку недели успеал да направи функционална хармоника од два компјутери Commodore 64.

Слично како и кај неговиот аналоген извор, копчињата од десната „кутија“ се грижат за мелодијата, левата страна од акордите, а мевовите (инаку направени од исечени флопи дискови од 5,25 инчи) што ги поврзуваат се одговорни за јачината на звукот. Меѓутоа, бидејќи Commodore нема комори низ кои минува воздухот, инженерот морал малку да го измени својот необичен инструмент.

Сепак, резултатот од овој необичен експеримент е потполно функционална дигитално – аналогна хармоника.

Прочитајте повеќе

Контролер за плејстејшн

„Плејстејшн“ тужен за 5 милијарди фунти во Велика Британија поради прескапи игри

„Сони Плејстејшн“ се соочува со тужба од 5 милијарди фунти во Велика Британија поради обвиненијата …