Хеликоптер на АРМ ќе се справува со пожарот над Галичник

Хеликоптер на АРМ ќе се справува со пожарот над Галичник

Со хеликоптер на АРМ ќе се гаси пожарот што избувна попладнево над село Галичник, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот е на непристапен терен и зафатил борова шума, а огинот брзо се шири оти има ветер. Пожарот претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење, велат од ЦУК.

Во ЦУК информација за пожарот добиле околу 13 и 30 часот, но заради непристапноста на теренот ја известиле и Армијата. Од ЦУК соопштија дека ќе обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.

За пожарот се известени Дирекцијата за заштита и спасување, локалните противпожарни единици, МВР, а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи, се додава во соопштението.

Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …