избори изборни

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на злоупотребата на деца во политичките активности

Во кампањата забележале видео објави на неколку кандидати во који се вклучени нивни деца со повик да се гласа на претстојните избори

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на сѐ почестите случаи на злоупотреба на деца и малолетници во политичките активности во пресрет на претстојните локални избори. Посочуваат дека во изборната кампања на социјалните мрежи може да се забележат фотографии и видеа каде децата се злоупотребени за политички цели од страна на кандидати и нивните поддржувачи.
„Со загриженост констатираме дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата, Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба“, посочуваат од Хелсиншки.
Велат дека ваквата пракса, за жал, е редовна појава во земјава, а во пресрет на локалните избори, во медиумите и социјалните мрежи се забележуваат повеќе вакви случаи. Тие забележале видео објави на неколку кандидати во који се вклучени нивни деца со повик да се гласа на претстојните избори, фотографија на кандидат за градоначалник кој на деца им дели играчки во рамки на кампањата, како и делење на промотивен материјал на деца.
„Хелсиншкиот комитет упатува јасен апел до институциите, политичките партии, медиумите и родителите веднаш да престане вовлекувањето на децата во политички кампањи и да се преземат соодветни мерки за санкционирање на сите кои ги користат децата за политички цели“, велат од Комитетот.
Потсетеуваат дека политичката злоупотреба на деца е строго забранета со закон како и дека на децата не им е место во политиката. Велат дека наместо злоупотреба, политичарите и нивните поддржувачи треба да се залагаат за создавање услови за квалитетен живот, образование и развој на најмладите.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

Македонија времено ги прекинува исплатите на средства од ИПАРД

Министерството за финансии информира дека земјава, преку органите за управување  на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на …