Херој на денот, Исидора: Човечноста, разбирањето и љубовта се формула за живот во свет без разлики (видео)

Херој на денот, Исидора: Човечноста, разбирањето и љубовта се формула за живот во свет без разлики (видео)

Младата Исидора, ученичка во ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, во кое мнозинството ученици се од ромската етничка заедница, е нашиот Херој на денот!

На денешната промоција на Проектот за подобрување на училишната средина во прилепското основно училиште, во присуство на јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и градоначалникот Илија Јованоски, покрај презентацијата на своите музички квалитети, младата Исидора имаше кратко обраќање кое заслужува да биде слушнато од пошироката јавност.

„Горди сме кога ја слушаме македонската химна, а исто така со љубов ја слушаме и ромската. Ромите ги учат нашите ора, а ние нивните. За Бајрам јадеме баклава, а за Велигден црвени јајца… Заедно делиме и добро и лошо, така полесно ги пребродуваме разликите кои од ден на ден стануваат незабележливи, невидливи.

Нашето училиште не е само место каде го стекнуваме нашето знаење и воспитание. Тука ги учиме најубавите животни лекции, за кои на некој му треба цел живот да ги научи…и којзнае дали воопшто ќе ги научи како што треба? Тука научивме дека нема поделба на црни и бели, сиромашни и богати, муслимани и христијани. Научивме дека сите сме исти.

Надвладеа човечноста, разбирањето и љубовта, кои според мене се едноставна формула која секој треба да ја знае за да живее во свет без разлики“.  

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …