Хит-претставата ,,Вардарски пастуви“ ќе гостува во Австралија

Хит-претставата ,,Вардарски пастуви“ ќе гостува во Австралија

Според Годишната програма за 2020 година одобрена од Министерството за култура, претставата „Вардарски пастуви“ во ноември оваа година ќе гостува во Австралија. Ова гостување на Театар Комедија е поддржано од страна на Министерството за култура, а според изјавите на надлежните од оваа театарска куќа, за реализација на гостувањето значајна е поддршката на министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми.

„Вардарски пастуви“ на режисерот Синиша Евтимов, е една од најбараните претстави во НУ Театар Комедија – Скопје и претстава која ги руши рекордите во гледаност на ниво на целата држава. Претставата и годинава ќе гостува во речиси сите градови низ нашата земја, а до јубилејното стотто прикажување ја делат уште само неколку изведби.

Прочитајте повеќе

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска доби две номинации за наградите „Еми“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска доби две номинации за наградите „Еми“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска е првиот македонски филм што доби две …