Холандска донација за ЏК „Сеишин“

Холандска донација за ЏК „Сеишин“

Во саботата на 10-ти октомври, во Паркот на револуцијата, Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп на симболичен начин го одбележа денот кога требаше да се одржи традиционалниот 12-ти Меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој“.

На одржаниот настан, од страна на раководството на клубот беше потенцирано дека турнирот кој стана препознатлив не само на Балканот, туку и пошироко, оваа година се одложува заради мерките кои се на сила, а кои се однесуваат на пандемијата со Ковид-19.

Истиот ден, во саботата, пристигна и донацијата на 25 џудо кимона обезбедена од здружениeто Xplorid today од Холандија, која на клубот му ја предаде Harry Philipp Bosman, овластен претставник на ова здружение.

Од името на ЏК „Сеишин“, претседателот Дејан Ширкоски, тренерот Дејан Мицкоски и ветеранот Киро Здравески, се заблагодарија на донацијата и потенцираа дека станува збор за мошне значајна помош, која ќе придонесе клубот да постигнува уште поголеми успеси.

Истовремено, тие потсетија дека за учество на одложениот турнир биле најавени над 200 учесници и гости од странство, како и повеќе од 150 натпреварувачи од нашата земја. Од клубот нагласуваат дека традицијата е само привремено прекината, затоа што во прашање е здравјето на луѓето. Меѓутоа, од ЏК „Сеишин“ ветуваат дека по завршувањето на оваа состојба, сите заеднички, со уште посилно темпо ќе се вратат најпрво во спортските сали на татамите, а потоа и на домашните и на меѓународните натпревари.

На настанот присуствуваа претставници од други џудо клубови, од Џудо федерацијата, како и поголем број на родители, пријатели, соработници и поддржувачи на клубот.

Во периодот што претстои, ЏК „Сеишин“ ќе продолжи со тренинзи на отворено, во согласност со актуелните протоколи, со надеж дека за брзо време ќе се создадат услови за враќање во спортските сали.

Прочитајте повеќе

Трамп може да се кандидира и од затвор

Трамп може да се кандидира и од затвор

Ова никогаш не се случило во историјата на САД. Идниот кандидат и, можеби, претседател Доналд …