Хозе Карерас заедно со македонски ѕвезди ќе настапи на плоштадот Македонија

Хозе Карерас заедно со македонски ѕвезди ќе настапи на плоштадот Македонија

Шпанскиот тенор Хозе Карерас ќе пее на плоштадот Македонија во Скопје на 1 септември, како дел од настаните за одбележување на 35 години независност на Македонија. На настанот насловен како „Хозе Карерас и македонскиот ол-старс“ ќе настапат и некои од најпознатите македонски музичари Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Игор Дурловски и Ана Дурловски.

Како што информираше денеска Бобан Милошески, од „Авалон продукција“, кој, заедно со Владата го организира настанот, прво ќе настапат македонските изведувачи со по неколку песни, а по нив концерт ќе има и Карерас. Милошески рече дека за присутните се подготвени и други изненадувања, кои ќе останат тајна.

„Ценам дека ваквиот начин на одбележување на независноста на Македонија како Влада покажуваме дека  ни е важно и сакаме граѓаните да уживаат и достоинствено заедно со музичките великани да покажеме дека Македонија има капацитет и да организира настани за меѓународни ѕвезди, заедно со нашите најголеми ѕвезди. Мислам дека сите детали околу оваа организација веќе достојно беа презентирани и од организаторот, но и од учесниците, рече Марија Митева, потрпарол на Владата.

Настапот на Карерас и македоските ѕвезди ќе биде отворен за јавноста.

Извор: МЕТА