Хроника на (не)македонското злосторничко здружување

Пишува: Аднан Џафероски

Процесот на осамостојување на Република Македонија и транзицијата од социјалистичко во плурално и демократско општество започна во почетокот на деведесеттите години од минатиот век, во моментите на распадот на, до тогаш, заедничката СФРЈ. Токму тогаш се појавија и првите новоформирани политички субјекти, меѓу кои и ВМРО-ДПМНЕ. Формирана во некоја кафеана во Берлин, Германија, барем според кажувањата на нејзините основачи, во моментите на повампирениот балкански национализам партијата беше срдечно прифатена од „подзаспаните“ националисти и шовинисти.

Истовремено тоа беше шанса за одредени „умешни“ ликови кои ја видоа својата шанса за лично етаблирање во новонастаната политичка ситуација во државата. И оттука тргнува приказната за злосторничката ВМРО-ДПМНЕ и луѓето кои на крилјата на национализмот, шовинизмот и геслото „за успех е потребна упорност, а не памет“, функционираат повеќе од четврт век.

Формираната“експертска влада” на чело со Никола Кљусев имаше задача по мирен пат да овозможи создавање самостојна и независна држава. И после многу надмудрувања и проблеми околу стратегијата на водење на процесите за мирно раздружување од бившата држава, после многу дилеми околу референдумското прашање, победи искуството и мудроста на политичарите како Киро Глигоров, Стојан Андов и повеќемина други. Сето тоа резултираше со историскиот 8.Септември  1991 година и изгласувањето независна и суверена Република Македонија.

Следната 1992 година, заради лошата економска политика, Владата на Кљусев ја губи поддршката. Раководството на ВМРО ДПМНЕ водено од слепиот национализам и омраза према Албанците, одбива да формира Влада. Во зградата на „Илинденска“ влегува СДСМ на чело со Бранко Црвенковски. На вторите парламентарни избори во 1994 година кои ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираше, Црвенковски добива уште еден 4 годишен мандат.

4 години подоцна, на третите парламентарни избори од осамостојувањето на државата, Љубчо Георгиевски станува премиер на Република Македонија. Владин партнер му е (тогаш) екстремно националистичката ДПА. Со поделбата на ресорите започнуваат масовни партиски вработувања, поделба на тендери и бизниси, распродажба на државните капитални ресурси, насилие, меѓуетнички конфликти. Доста Димовска ја заговара тезата за исцртување граница кај Групчин. Доаѓа до растурање на безбедносните структури на државата.Сето тоа заедно во 2001 резултираше со меѓуетнички конфликт кој заврши со многу жртви.

На изборите од 15 Септември 2002 година, ВМРО ДПМНЕ беше убедливо поразена. Љубчо се повлече од од лидерската позиција во партијата. На негово место доаѓа Никола Груевски, поранешен член на Демократска алтернатива (ДА), кој нешто подоцна трајно го отстранува од ВМРО-ДПМНЕ доскорешниот лидер и партиската икона, човекот кој го постави на лидерското место во партијата, Љубчо Герогиевски.

Летото 2006 година, на петтите парламентарни избори, ВМРО ДПМНЕ освојува најмногу  пратенички мандати, но распоредот на политичките сили не му дозволува на Груевски како мандатар да има голема комоција за формирање на Влада. Соочен со историската шанса и со веќе изработена стратегија за уништување на земјата, тој безусловно ги прифаќа сите барања на другите политички партии за влез во неговата Влада, меѓу кои и оние на “новите социјалдемократи” (НСДП).

Од тој ден, злосторниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го започнуваат походот на еднодецениското смислено и континуирано разнебитување на земјата. Еднодецениско владеење проследено со злосторства, пљачки, убиства, местење на судски процеси, затворање на неистомисленици, масовно прислишкување на политичките противници, новинари, бизнисмени…нивна уцена, уништување и промена на идентитетот на Македонецот и уште многу други злодела кои допрва ќе го здогледаат светлото на денот.

Резиме:

Во последните години од своето постоење и функционирање, особено во периодот кога „диригентската палка“ премина во рацете на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ прерасна во злосторничко, фашистичко и мафијашко здружение кое има една единствена цел: пљачкосување и уништување на македонската држава до нејзино целосно исчезнување!

Прочитајте повеќе

Пендаровски

Зошто пак ќе гласам за Пендаровски

Со изборот на Стево Пендаровски и коалицијата за членство во ЕУ, современиците имаат историска шанса, …