Хрватска ќе ни донира 10.000 вакцини „АстраЗенека“, а другата недела се очекуваат и 10.000 „Спутник V“

Хрватска ќе ни донира 10.000 вакцини „АстраЗенека“, а другата недела се очекуваат и 10.000 „Спутник V“

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини „Спутник V“од Русија.

Филипче додаде дека имунизацијата кај нас почнала да се одвива теренски, но и во спортските сали и здравствените домови.

Во однос на дистрибуцијата на вакцините „Синовак“, министерот ги успокојува граѓаните во однос на безбедноста.

„Сакам да објаснам дека граѓаните треба да бидат спокојни и не постои шанса да се пушти кој било лек во промет, вклучувајќи и вакцина, доколку за тоа одобрение не даде Агенцијата за лекови. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови, така што станува збор за административен процес,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека иако веќе почнаа да излегуваат препораки и публикации за потреба од трета доза од вакцината против коронавирусот, сепак нема јасен став околу тоа прашање, бидејќи никој не може за сигурно да каже каква ќе биде иднината во однос на вакцинацијата.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …