Хуманитарна донација на новогодишни пакетчиња во ООУ „Страшо Пинџур“ во село Мало Коњари

Хуманитарна донација на новогодишни пакетчиња во ООУ „Страшо Пинџур“ во село Мало Коњари

Невладината хуманитарна организација „Адра“, која работи на светско ниво и помага за подобрување на квалитетот на животот на луѓето ширум светот, донираше новогодишни пакетчиња за учениците од прво до петто одделение во централното училиште во Мало Коњари, како и во подрачните училишта во с.Големо Коњари и Кадино Село.

„Донацијата е подготвена од децата од Германија за децата од Македонија и претставува пример како треба да се однесуваме за да дадеме насмевка и радост на лицето на секое дете. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина“, вели директорката на ООУ „Страшо Пинџур“, Ирена Кироска.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …