И покрај почетокот на офанзивата во Донбас, Русија засега не може да постигне големи пробиви

Офанзивата на руските сили во источна Украина веќе е започната, но засега тие не успеваат да обезбедат големи пробиви на територијата на Донбас кој е под контрола на украинските власти, го пренесува Би-би-си извештајот на Институтот за проучување на војната. Американскиот тинк-тенк додава дека официјална Москва засега ги ставила под своја контрола помалите градови на фронтот, Рубежње и Попасна.

Покрај сопствена војска, во извештајот на американскиот тинк-тенк се наведува дека во борбите во Луганск и Донецк се забележани сириски и либиски платеници, кои се борат за освојување на градот Попасна како регрути на „Вагнер Груп“.

Инаку, борбите на терен продолжуваат во Мариупол, каде што руските сили се обидуваат да ја освојат територијата на фабриката Азовстал и да ја завршат битката за овој приморски град.

Во Севернодонецк, руските сили ги уништиле сите магацини за храна, со што на жителите на овој град им се заканува хуманитарна криза, јавува Укринформ. Станува збор за еден од последните градови во Луганскиот регион којшто е под контрола на украинските воени сили.

Украинската војска во изминатото деноноќие успеала да одбие девет непријателски напади од Русија во Донецкиот и Луганскиот регион. Бројот на загинати цивили продолжува да расте, а Укринформ пренесува дека од почетокот на руската инвазија до денес на територијата на Украина загинале 208 деца.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …