И преостанатите роднини на загинатите од несреќата кај Ласкарци ќе бараат отштета

Сите семејства на загинатите од автобуската несреќа кај Ласкарци најавија дека ќе побараат отштета, а адвокатите на дел од роднините на починатите патници се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон на обвинетите за предизвикување на несреќата. На денешното судско рочиште се произнесоа правните застапници на оштетените лица кои не дадоа исказ пред два дена.

Судијката Дијана Груевска Илиевска за 31 октомври ја закажа следната расправа за несреќата кај Ласкарци, кога како сведоци на настанот ќе бидат повикани оштетените очевидци.

Судскиот процес за Ласкарци следува по автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово во февруари годинава, во која животот го загубија 16 лица и 37 беа потешко повредени.

Обвинителството ги гони сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во компанијата Ремзи Мифтари и возачот Маноил Трифуновски за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Дополнително, тројца вработени во станицата за технички преглед се обвинети за соучество во истото дело.

Според обвинителниот акт, сопственикот на фирмата една година бил свесен дека автобусот не бил технички исправен, но мислел дека и како таков ќе го мине техничкиот преглед.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …