И вакцината на Модерна влегува во програмата Ковакс

И вакцината на Модерна влегува во програмата Ковакс

Светската здравствена организација ја одобри вакцината против коронавирусот на Модерна за итна употреба. Со тоа дози на оваа вакцина можат да им се доставуваат на земјите од програмата Ковакс, поддржана од ОН.

Светската здравствена организација ја стави вакцината на фармацевтската компанија Модерна на листата на вакцини за итна употреба против Ковид-19 како петти препарат кој има дозвола од СЗО, што би требало да го забрза процесот за одобрување во националните агенции за контрола на лекови.

Со тоа дози на вакцината на американската биотехнолошка компанија можат да им се доставуваат на земјите, кои се приклучија конпрограмата Ковакс, поддржана од ОН. Оваа програма има за цел да обезбеди вакцини во прв ред за посиромашните земји.

Во извештајот на СЗО се наведува дека цел е лековите, вакцините и дијагностичките средства да се направат подостапни во што покус рок.

Модерна неделава најави план за проширување на својата производствена мрежа за да ги зголеми своите капацитети на три милијарди дози во 2022 година.

Во разгледување и кинеските вакцини

Помошничката на генералниот директор на СЗО, Марианјела Симао, изјави дека е важно да се има на располагање повеќе вакцини поради проблемите со снабдувањето и со доцнењето на испораките на другите производители на вакцини.

Индија, која е најголем производител на вакцини во светот, привремено го запре извозот поради преголемото распламтување на епидемијата во земјата.

СЗО сѐ уште разгледува дали да ги одобри и кинеските вакцини Синофарм и Синовак, а одлуката е најавена до крајот на наредната недела.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Руски државјанин осуден на пет години принудна работа поради изјава за РСЕ

Рускиот државјанин Јури Коховац денеска (22 април) беше осуден од судот во Москва на пет …