Емотивни завршни зборови на дел од обвинетите во процесот за крвавиот четвроток. Игор Југ со треперлив глас раскажуваше за минатото, за тоа дека бил верник и патриот, дека секогаш се залагал за други а не за семејството а со солзи во очите раскажа и за починатиот син и новородената керка која се уште не ја видел, слушнал и допрел оти е в о притвор. Вистинските виновници кои ги отворија вратите но и македонските чегевари и организатори на протестите се амнестирани, а ние обичните смртници скапуваме по затворите, рече Југ.
Кој ќе даде задача на ветеринарен техничар да изврши атентат? Ако дал наредба некој за атентат на премиерот, зошто не го фатат тој што нарачувал атентат? Пратениците пак се бранеа со молчење за да не бидат прашани кој го нарача нападот. Главните актери се на слобода, слободно располагаат со нивните дебели банкарски сметки, рече Југ.
Игор Дурловски пак порача, ако пеењето химна е тероризам затворете ме.
Ве замолувам да се запрашате кој е тој потпалувачки говор со кој сум повикувал на рушење на уставниот поредок. Тој ден пеев во Собрание, внатре, а потоа со син ми бев на ракометен натпревар. Ако е вистина тоа што вели ОЈО, тогаш осудете ме. Одвратно е тврдењет оза мене дека сум бил платен да протестирам, рече Дурловски.
И Горан Анѓелов Ќосето се бранеше дека протестот не е тероризам, од она што се случи на 27 ми се уште трпел последици. Жали за она што се случи но вели дека и неговото семејство по овој настан е во тешка состојба. Мунир Пепиќ пак се обиде да докаже дека службено како разузнавач бил таму.
За в четрврток се закажани завршни зборови на последните четворица обвинети. По ова следи и пресуда.
Автор: Билјана Николовска
Извор: Телма