лабораторија тестирање ковид-19

ИЈЗ: Минатата седмица за 40 отсто помалку нови случаи со ковид-19 и за 21 отсто помалку починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 проценти во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (41,5 проценти). Највисока неделна инциденца е регистрирана во Виница. Процентот на позитивност се движи од 9,6 до 17,7 проценти, просечно 13,1 проценти, со намалување за 4,9 проценти во однос на минатата недела.

„Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (37,6 проценти). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (16,8 проценти), 40-49 (16 проценти), 30-39 (15,6 проценти) и 20-29 (8,3 проценти). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,6 проценти) и 10-19 години (4,1 проценти). Со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5 проценти во споредба со минатата недела,“ се вели во соопштението на ИЈЗ.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9 проценти помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

Заклучно со 2 мај, со „Фајзер/Бионтек“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник V“ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на „АстраЗенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Синофарм се вакцинирани 953 лица.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Костадиновска-Стојчевска: Министерството за култура има уредна документација и останува инвеститор на Универзалната сала

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, со цел прецизно и транспарентно информирање на јавноста, на денешната …