Илија Јованоски: Делото на Св.Климент е светол пример за вистинско човекољубие

Илија Јованоски: Делото на Св.Климент е светол пример за вистинско човекољубие

Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски по повод Денот на Св.Климент Охридски:

Денеска го славиме делото на основачот на првата Охридска книжевна школа, првиот македонски архиепископ и родоначалник на македонската и сесловенската литература – Св. Климент Охридски, кое е од епохално значење не само за нас, туку и за поширокиот Балкански и Европски регион.

Неговата неуморна  и благородна работа во областа на литературата, преведувањето, описменувањето и просветлувањето на човештвото, претставува светол пример за вистинско човекољубие и нѐ обврзува сите нас, да го следиме патот на солидарност и хуманост, на меѓусебното разбирање, почитување и помагање.

На сите граѓани им посакувам убав празничен ден, исполнет со мир и хармонија во домовите и семејствата.

Нека ни е честит и за многу години празникот.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …