Илија Јованоски: Во Новата година да влеземе со позитивни мисли, со меѓусебно почитување и толеранција

Илија Јованоски: Во Новата година да влеземе со позитивни мисли, со меѓусебно почитување и толеранција

Во пријатна атмосфера, со музиката на Теодора Зероска, Мила Москов, групата „Прилепски еснаф“ и со новогодишен огномет, граѓаните на Прилеп ја дочекаа новата година на градскиот плоштад „Методиј Андонов-Ченто“.

Градоначалникот Илија Јованоски на своите сограѓани им порача во Новата 2020 година да влезат со убави мисли, од старата година да ги паметат само позитивните и убавите работи, лошите да ги остават зад себе.

Илија Јованоски: Во Новата година да влеземе со позитивни мисли, со меѓусебно почитување и толеранција„До сите граѓани од нашата општина сакам да испратам една порака: да имаме меѓусебно разбирање и почитување, меѓусебна доверба и толеранција. Само така, Новата 2020 година ќе биде поубава, побериќетна и посреќна за сите нас. Посакувам во секое семејство да има мир, спокојство и благосостојба. Вашите срца да бидат исполнети со љубов, тоа е правиот пат кој што треба заедно да го одиме. На сите вас ви посакувам добро здравје, среќа, радост љубов и се’ најубаво во новата година. Среќна Нова 2020 година, да сте здрави и живи“, им посака градоначалникот Јованоски на граѓаните на општина Прилеп.

Традиционално, градоначалникот ги посети службите кои во новогодишната ноќ водеа грижа за безбедноста и здравјето на граѓаните на Прилеп: вработените во службата за Итна медицинска помош, Полициската станица од општа надлежност – Прилеп и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица. Дежурните во сите три служби потврдија дека ноќта поминала мирно, без никакви интервенции или посериозни инциденти. Претходно, во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Јованоски ги посети дежурните војници и офицери во касарната „Мирче Ацев“.

Прочитајте повеќе

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат …