Илјада новогодишни пактечиња за дечињата во Делчево

Денеска во детската градинка „Весели цветови“ градоначалникот Горан Трајковски со помош на Дедо Мраз поделија 350 новогодишни пакетчиња на сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Оваа активност е дел од одбележувањето на новогодишните празнувања во Делчево што традиционално започнува со најмладите, бидејќи на новогодишните празнувања и на Дедо Мраз кој е симбол на детството и исполнување на детските желби, најмногу се радуваат дечињата.

-Воден од идејата, сите дечиња во Делчево да ја осетат оваа новогодишна магија, доделуваме новогодишни пакетчиња на дечињата од Делчево, а оваа новогодишна мисија ја започнуваме од детската градинка „Весели цветови“, каде ќе доделиме пакетчиња за сите дечиња, утре ќе ги посетиме двете основни училишта и Дневниот центар за лица со посебни потреби. Општина Делчево во партнерство со бизнис-секторот оваа година обезбеди околу 1000 новогодишни пакетчиња. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите претставници од бизнис- заедницата кои учествуваа во оваа новогодишна приказна, за да ги разубавиме празниците на сите дечиња во Делчево, рече Трајковски.

Директорката на детската градинка, Билјана Симовска, потсети дека новогодишната приредба насловена како „Новогодишна бајка“ што ја подготвуваат дечињата од детската градинка ќе се одржи денеска со почеток во 17 ч. во ООУ „Ванчо Прке“ и на оваа приредба се очекува присуство на дечиња од Делчево и нивните родители.  

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …