Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Илјадници вработени останаа без плата за Велигден, Владата мува не ја лази

Соопштение за јавност на СДСМ

Наместо вработените во низа институции да слават достоинствено Велигден, тие останаа без платите кои во минатото редовно се исплаќаа пред празникот. Владата молчи, а илјадници семејства се оставени без приход и полни трпези заради неспособноста на Мицкоски и неговите министри.

Се работи за културни работници, инспектори, социјални службеници, вработени во економскиот сектор – луѓе кои секој ден работат за државата, а државата не им враќа со исто.

Ова веќе не може да биде случајност, ова е системски хаос и целосна незаинтересираност од Владата на ДПМНЕ.

Законот е јасен – плата до 15-ти во месецот. Но за Владата на Мицкоски очигледно не важат ниту закони, ниту обврски. За нив е важен само пи-арот, мангото и папајата. Работниците во сите сектори за оваа влада веќе цела година се на последно место, а негрижата со платите само го потврдува овој тренд на целосно понижување на луѓето.

Бараме одговор – зошто не се исплатени платите? Кој ќе сноси одговорност? И најважно – до кога државата ќе се однесува како платите да ѝ се “услуга”, а не обврска?

Платата не е подарок или желба на власта, туку право. И кога власта не си ги исполнува најосновните обврски, тоа е јасен знак – Владата не функционира. СДСМ бара итна исплата на платите и отчетност од одговорните.

Секој ден доцнење на платите значи притисок врз буџетите на граѓаните и работниците и нивно доведување во незавидна положба.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Мицкоски не живее во реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

СДСМ: Мицкоски не живее во реалноста, економијата тоне, граѓаните едвај врзуваат крај со крај

Реакција на СДСМ изјавите на премиерот Христијан Мицкоски Мицкоски живее надвор од реалноста, економијата тоне, …