Илон Маск јавно поддржа повик за САД да ги напуштат НАТО и Обединетите Нации

Илон Маск јавно поддржа повик за САД да ги напуштат НАТО и Обединетите Нации

Веста доаѓа откако неколку републикански пратеници поднесоа предлог-закон за излегување на САД од ОН, тврдејќи дека организацијата не се усогласува со агендата на администрацијата на Трамп – „Америка на прво место“

Милијардерот Илон Маск во објава на неговата социјална мрежа „Х“ вчера се согласи со друг корисник на платформата дека е време САД да ги напуштат НАТО и Обединетите Нации (ОН).

Веста доаѓа откако неколку републикански пратеници поднесоа предлог-закон за излегување на САД од ОН, тврдејќи дека организацијата не се усогласува со агендата на администрацијата на Трамп – „Америка на прво место“.

САД беа меѓу неколкуте земји, вклучително Русија, Белорусија, Израел и Унгарија, кои гласаа против резолуцијата на ОН на крајот на февруари со која се осудува руската инвазија на Украина во целосен обем.

И НАТО и Обединетите Нации беа основани од САД и другите победници во Втората светска војна, со цел да се промовира дипломатијата и соработката меѓу народите, но и да се спречи нова глобална војна.

Маск, кој истовремено е неодамна избран американски функционер, во моментов го предводи таканареченото Министерство за ефикасност на владата (Department of Government Efficiency – DOGE), кое намали значителни владини трошоци, вклучувајќи и странска помош.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано ги критикуваше другите земји од НАТО за нивниот недоволен придонес во воената алијанса и повика земјите-членки да стават цел од 5% од своите БДП-а за НАТО.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

САД притискаат за брз договор за крај на војната во Украина

САД притискаат за брз договор за крај на војната во Украина

Американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио го зголемува притисокот врз Украина и Русија брзо …