ИМАМЕ ЛИ СИЛА ДА ГО ИСКОРЕНИМЕ ПИРЕЈОТ?

Колумната не се препорачува за деца под 77 години
Неопходен е надзор на родител или старател

 

Воопшто не е пријатно чувството кога гледате како сиот нормален свет, сета домашна и меѓународна јавност ги тегне за уши политичките лидери на државата во која живеете и притоа им укажува на елементарното непочитување на основните цивилизациски придобивки на демократското општество. Не остана респектабилна земја, институција или организација која на Хорхе и на Грујо не им кажа оти играат на тенка жица. Оти се коцкаат со иднината и на државата и на граѓаните. Дека промената на власта и одењето во опозиција не значи крај на светот. Конечно, дека и затворот е за луѓе. За оние кои се огрешиле по законот.

Велам, не е пријатно таквото чувство затоа што во актуелната ситуација сите ние како граѓани на Македонија сме ставени во ист кош. Сите сме граѓани на државата која според точно прецизирани критериуми е оценета како „хибриден режим“, „неслободна земја“, „заробена демократија“ и дефинирана со разни други термини кои на истекот од втората деценија на 21 век се вистински раритет и, ако сакате, жив срам за секој самосвесен и слободоумен граѓанин.

Немам дилема каков ќе биде исходот од целата оваа рашомонијада, од циркусот во кој еден палјачо и еден кловн од нас прават мајмуни. Уште помала ми е дилемата дека до последниот момент, сѐ додека има со што да тргува и да се пазари, да нуди жртвени јагниња во замена за неговата кожа, чедото на мајка Нада ќе крева тензија и ќе креира меѓупартиска и меѓуетничка нетрпеливост до степен на закрвување на брат со брат. Оти тој не знае за срам, љубов и патриотизам. Оти нема ништо човечко во себе за да бараме од него да биде човек. Тој е изворот на сите зла, креаторот на сите несреќи кои нѐ навасаа последнава деценија.

Ви кажува ли нешто тоа што после години и години, високи партиски функционери и јавни личности поддржувачи на „портокаловите“ се растрчаа по дебати и интервјуа на независните медиум? Оние кои отфрлајќи ја секоја помисла да излезат на дебата со опозицијата, колку до вчера велеа оти за нив единственото вистинско соочување е она кое го имаат со народот на изборите!? Не седнуваат тие на жешкото столче затоа што преку ноќ им проработи демократската свест или затоа што им се разбуди чувството за транспарентност, туку затоа што не им чини работата. Оти се стега обрачот околу Фамилијата. Оти губејќи ја власта, ја губат и слободата. Ете затоа нивните вувузели трубат „општа опасност“ и создаваат атмосфера на предавство и албанофобија.

Навлеговме во тешка институционална и политичка криза. Финансиската воопшто и не ја есапам, оти таа не е од вчера. Научивме со неа да живееме и некако си ја имаме како „наша“, како некој нам близок човек, дел од семејството. Тоа што Ахмети вели оти кризата може да трае со години, не ја сметам за изјава дадена од компетентна личност. Оти Ахмети и неговите пајташи кои од 2001 до денес само 2 години не биле во власта, не знаат што е криза. Оти тие не биле во криза. Не знаат како е на врата да им тропаат извршители, да земаат кредити за да ги школуваат децата, да прескокнуваат оброк за да им останат пари да ги платат сметките… Затоа ним им е „еписибир“ кога ќе испливаме од г.мната. Како се нафатирале, можат да тераат вака до 101 и назад.

Зарем некој помисли дека Грујо и злосторничкото здружување се во криза? Со украдените милијарди евра префрлени на сметки во даночните раеви, тие би дале сѐ, дури и дел од „печалбата“, само оваа лимбо состојба да потрае што подолго. По можност до недоглед. Ете затоа сѐ додека имаат механизми ќе нѐ истоштуваат со небулози, ќе нѐ фаќаат „на кондиција“ да се откажеме, да кренеме раце и да се помириме со фактот дека тие се нашата судбина. Дека се пиреј кој не можеме да го искорениме. Меѓу другото и затоа е нивната хистерична медиумска офанзива. Затоа се и секојдневните протести со регрутирани пејачи и глумци кои се таму од чисто лукративни побуди. Да одработат за мафијата за утре да фатат тезга на изборните митинзи, или да снимат уште некоја народна приказна за петпарачките медиуми.

Затоа борбата на Заев најмалку е негова лична борба. Прашањето е што правиме ние да му помогнеме? Или, што правиме да си помогнеме? Што прават локалните општински раководства на опозициските партии? Зошто молчат? Зошто конечно не се охрабрат и не почнат секојдневно да им ја соопштуваат на граѓаните вистината за арамиското портфолио на „градските татковци“ и „народните пратеници“ кои со години бесрамно го лажат и крадат сопствениот народ кого навечер го изнесуваат на улици и го тераат да скандира „Чиста Македонија“? Зарем после 12 години и потрошени стотици милиони евра нема што да се каже за прилепскиот градоначалник? Каде го „изгубија“ Двојче? Што е со скопските градоначалници? Или со оние од истокот на Македонија…???

На народот му се смачи од политички блефери, политиканти и двојни играчи. Народот сака водачи и борци во вистинска смисла на зборот. Ако на локалните „математичари“ чиј единствен проблем е дали ќе станат кандидати за градоначалници уште не им е јасно како треба да изгледа профилот на лидер и политичар кон кој треба и мора да стремат, нека го свртат погледот кон „Бихачка“. Ќе има што да видат.

Автор:

Чеге Вара                                                              Прилеп, ебаго!…….(143)

Прочитајте повеќе

НЕ ГЛЕДАЈ ШТО ПРАВАМ, СЛУШАЈ МЕ ШТО ЗБОРУВАМ

Колумната не се препорачува за деца под 77 години Неопходен е надзор на родител или …