Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски ќе биде во недела

Ќе го врати ли дигнитетот и кредибилитетот на функцијата претседател за кои говореше но и критикуваше во својата кампања сега веќе новиот и петти по ред шеф на државата но прв со новото име Р. Северна Македонија Стево Пендаровски. Со оглед на поделеноста и јазолот помеѓу граѓаните за кои говори и тесниот резултат сега остануваат низата предизвици со кои новиот претседател ќе треба да се справи.

Првиот чекор е инагурацијата која најверојатно би се случила во недела на 12 мај кога и официјално му истекува мандатот на се уште актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов. Иако засега официјални детали нема сепак познато е дека инагурацијата односно заклетвата дека ќе биде претседател на сите граѓани ја дава во законодавниот дом.

Како што порача Пендаровски и вчера она кое што прво ќе го направи кога ќе седне во претседателската фотелја на Водно откако ќе го испие и првото кафе со Иванов е потпишувањето на законите кои долго време чекаат на потписот на првиот човек на државата а кои како што вели се донесени по прописна законска процедура .

Сепак како што вели доколку првото кафе го испие со Иванов не значи дека второто ќе биде со Силјановска доколку нема иницијатива од другата страна, но вели како прв човек на државата ќе се обиде да го намали јазолот помеѓу власта и опозицијата околу поважните прашања и закони меѓу кои и законот за ЈО.

Првата посета пак како претседател на државата ќе биде во Брисел или во некоја од соседните земји бидејќи како што вели патот кон евроинтеграциите но и брисел во голема мера беа условени и од добрососедските односи.

Во насока на добрососедските односи пак во изјава и за грчката ЕРТ синоќа по прославата на Бихаќка – Пендаровски посочи оти преку Преспанскиот договор двете земји потписнички заедно ќе изградат европска иднина . Во вториот круг од претседателските избори Пендаровски ја победи неговата против кандидатка од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова со нешто помалку од 60 илјади гласа разлика. Пресудни беа гласовите на албанските гласачи.

Ова е втор обид на Пендаровски да стане шеф на државата откако во 2014 та ги изгуби изборите во трката со Ѓорѓе Иванов. Сепак претседателскиот кабинет не му е непознат, бидејќи беше дел од него и во времето на двајцата екс претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски.

Извор: ТВ 24

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …