Индексот на ТИ покажува дека за раширената корупција виновна е ВМРО-ДПМНЕ и никој друг

Во текот на својот говор пред зградата на Владата на Република Македонија, а кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го одржа пред партиските членови и симпатизери во рамките на третиот протестен марш на оваа партија во средата на 12 декември 2018 година, тој ја даде и следнава крајно манипулативна и невистинита изјава, пишува „Вистиномер“.

Ќе речат реформи правеле во судството. 112-та земја според „Транспарентност Интернационал“. 112-та земја сме на ранг листата. Танзанија и Етиопија се пред нас. Ќе речат во Европа нѐ носеле. Не Европа, Африка ја донесоа во Македонија. Африка ја донесоа во Македонија. Ете тоа направија од европска Македонија. Афричка Македонија според степенот на корупција која што владее во моментот во Република Македонија.

Факт е дека последното рангирање на „Транспаренси Интернешнл“ не се однесува на периодот во кој СДСМ е на власт. Напротив. Ова истражување за перцепцијата на корпуцијата сѐ уште се однесува на периодот од пред доаѓањето на СДСМ на власт, односно се однесува на периодот кога токму ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Целата статија прочитајте ја на „Вистиномер.мк“.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …