Инфективна клиника се наполни, од вчеравечер во функција модуларната болница

Инфективна клиника се наполни, од вчеравечер во функција модуларната болница

На Клиниката за инфективни болести во Скопје се исполнети сите кревети и од вчеравечер е активирана модуларната болница поставена во близина на клиничката зграда, за „360 степени“ потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, објасни Филипче за „360 степени“

За да се одговори на зголемените потреби на Инфективната клиника, на помош е дојден персонал – лекари и сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.

Вчера Министерството за здравство ја објави досега најголемата бројка на нови случаи на ковид-19 – вкупно 393 нови пациенти дијагностицирани за 24 часа.

Филипче порача оти нема потреба од паника, бидејќи здравствениот систем е подготвен да се справи со состојбата, но треба да се почитуваат мерките и препораките.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

пошта

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Поштата е на работ на егзистенција, изјави денеска на прес-конференција пред Владата синдикалниот лидер Боро …