Инфо ден за „Еразмус +“ програмата во Прилеп

Инфо ден за „Еразмус +“ програмата во Прилеп

Девет милиони евра е буџетот на Националната агенција за европски образовни програми преку програмата „Еразмус+“, за унапредување на наставниот кадар и учениците преку индивидуална мобилност.

Овие средства се предвидени до крајот на годинава. Денеска во просториите на хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Општина Прилеп одржаа  работилница  „Еразмус + Програма на ЕУ“. На овој инфо ден,  присуствуваа претставници на средни стручни и основни училишта, здруженија на граѓани и локални претставници кои имаа можност да се запознаат со работата на Националната агенција за европски програми и мобилност и програмите и активностите што таа ги спроведува. Подетално беа презентирани правилата и значењето на „Еразмус+“ програмата, можностите за вклучување како и примери на добри практики на веќе реализирани проекти.

„Денеска пред присутните го претставуваме големиот број активности на кои работи Националната агенција, ги презентираме можностите за аплицирање во „Еразмус +“ програмата во делот на индивидуалните активности, стратешките партнерства, како и мрежите коишто го опфаќаат образованието,како една од основните гранки на програмата. Да се надеваме дека присутните кои денеска ги има во толку голем број, ќе станат и потенцијални корисници, а со тоа ќе се зголеми искористувањето на европските фондови“, истакна Александар Гочев од Националната агенција за европски образовни програми.

„Локалната самоуправа настојува со своите постапки да ги поттикне институциите за успешно аплицирање и имплементирање на проектите преку Националната агенција за европски програми и мобилност. Во моментот, Општина Прилеп изготвува правилници преку кои ќе им помогнеме на               високо-  образовните институции, НВО, правилно да аплицираат на проектите и да станеме лидер во искористување на европските фондови, како и да се стекнеме со нови знаења“, истакна Борче Јанкулоски, вработен во одделот за локален економски развој на Општина Прилеп.

Главната цел на „Еразмус +“ програмата е да одговори на повеќе предизвици кои што се однесуваат на борбата против зголемување на невработеноста, особено меѓу младите лица, развој на социјалниот капитал, промоција на систематски реформи, активно граѓанство и развој на спортот и спортските активности.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …