Инфо денови за користење на инструментот за претпристапна помош на ЕУ за рурален развој ИПАРД 2014-2020

Инфо денови за користење на инструментот за претпристапна помош на ЕУ за рурален развој ИПАРД 2014-2020

За сите компании во руралните средини кои се заинтересирани за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, на 28 декември 2019 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство отвори јавен повик за мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

За таа цел, телото за управување со ИПАРД фондовите одржува инфо денови за спроведување и користење на инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020, со особено внимание на мерката 3.

Распоредот и програмата за инфо деновите кои се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020, е следниот:

  • Ранковце 9 јануари 2020 (четврток), 10.00 часот – мерка 3
  • Свети Николе 9 јануари 2020 (четврток), 14.00 часот – мерка 3
  • Струмица 10 јануари 2020 (петок), 11.00 часот – мерка 3
  • Прилеп 15 јануари 2020 (среда), 11.00 часот – мерка 3
  • Тетово 16 јануари 2020 (четврток), 10.00 часот – мерка 3
  • Кичево 16 јануари 2020 (четврток), 14.00 часот – мерка 3
  • Карпош 17 јануари 2020 (петок), 10.00 часот – мерка 3
  • Аеродром 17 јануари 2020 (петок), 14.00 часот – мерка 3
  • Битола 23 јануари 2020 (четврток), 11.00 часот – мерка 3
  • Градско 24 јануари 2020 (петок), 11.00 часот – мерка 3
  • Кочани 28 јануари 2020 (вторник), 11.00 часот – мерка 3
  • Богданци 29 јануари 2020 (среда), 11.00 часот – мерка 3

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …