Инфо сесија за добивање грантови од Владата на Република Македонија

Инфо сесија за добивање грантови од Владата на Република Македонија

Општина Прилеп и Фондот за иновации и технолошки развој, организираа инфо сесија за отворениот јавен повик за поднесување на предлог проекти во рамките на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија. Јавниот повик за финансиска поддршка на проекти, предвидува четири инструменти на поддршка и негова цел е да се финансираат иновативни проекти, како и проекти кои што подразбираат технолошки напредок.

Градоначалникот Илија Јованоски, рече дека суштината на денешната инфо средба, е како правилно да се аплицира за добивање средствата за кофинансирање на проекти за развој на малите и средни претпријатија. Во исто време, како што тој напомена, ова е еден од индиректните начини да се спречи заминувањето на младите од државата.

„Правилна апликација на секој стопански субјект, е главниот услов за добивање на 30-70% од вредноста на проектот, кој ќе биде аплициран на објавениот јавен повик од страна на Владата на Република Македонија. Нашата обврска како Oпштина е да направиме амбиент и услови за работа, да ја поттикнеме администрацијата да биде од интерес на овие правни субјекти. Ова е еден од начините да ги задржиме младите да останат во Прилеп и во Република Македонија“, изјави градоначалникот Јованоски.
Ирена Георгиевска од Фондот за иновации и технолошки развој, истакна дека со јавниот повик се финансираат иновативни проекти, но и проекти кои што подразбираат технолошки напредок.

„Предвидени се 4 инструменти на поддршка. Првиот инструмент е наменет  за мали и средни претпријатија, кои имаат тенденција на брз пораст, или таканаречени ‘газели’. Вториот инструмент е наменет за микро претпријатија, третиот е наменет за сите претпријатија, вклучувајќи ги и големите и тука поддршката е исклучиво за иновативни проекти. Четвртиот инструмент е наменет за стручно усовршување и пракса на млади лица. Процентот на кофинансирање од страна на Фондот зависи од самиот инструмент. За третиот инструмент максимумот е до 70%, а за останатите до 30 отсто“, потенцираше Георгиевска.

Инфо сесија за добивање грантови од Владата на Република Македонија

Прилепските малостопанственици покажаа голем интерес за денешната инфо средба, на која активно се вклучија со свои предлози и прашања.
Јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија, беше отворен на 28 април и ќе трае до 11 јуни. Досега до Фондот за иновации и технолошки развој се поднесени преку 250 барања за подигање обрасци за аплицирање. Право да аплицираат имаат сите микро, мали и средни претпријатија од Република Македонија, а бројот на компании што сакаат да се пријават на јавниот повик, не е ограничен.

Прочитајте повеќе

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Власта брза да го смени Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Според сегашната директорка на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен …