[Инфографик] По дождливите и ветровити денови, скопскиот воздух повторно енормно загаден

[Инфографик] По дождливите и ветровити денови, скопскиот воздух повторно енормно загаден

Единствениот период кога воздухот во главниот град е помалку загаден е кога природата, а не властите ќе се погрижат за тоа

Слично како и со години наназад, и оваа грејна сезона продолжува енормното загадување на воздухот во главниот град Скопје за време на грејната сезона која почнува од 15 октомври. Податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање добиени од мерните станици поставени низ градот покажуваат дека вчера и денеска, по неколку дена почист воздух, скопјани повторно дишат отрови.

Загадувањето измерено на сите мерни станици во градот покажува надминување на максимално дозволените 50 ПМ10 честички на метар кубен пропишано според стандардите на Светската здравствена организација и Европската унија.

Иако сите шест мерни станици покажуваат зголемено ниво на загадување со ПМ10, повторно најзагадени населби во градот се Лисиче и Центар. Така, вчера во Лисиче е измерено просечно загадување од речиси 122 ПМ10 честички на метар кубен, што е повеќе од двојно од максимално дозволената граница. Мерните станици во Центар и Ректорат, пак, измериле просечно дневно загадување со околу 90 ПМ10 честички на метар кубен.

Единствениот период кога воздухот во главниот град е помалку загаден е кога природата, а не властите ќе се погрижат за тоа. Така, во периодите кога има посилен ветар, или дожд, што беше случај од 11 до 17 ноември, загадувањето е во рамки на дозволеното. За среќа или несреќа на скопјани, временската прогноза вели дека следните неколку  дена повторно нè очекуваат врнежи.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

„Прогресивните и либерални политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот и поткопувањето …