Информации од АМСМ за состојбата на патиштата

Информации од АМСМ за состојбата на патиштата

Информации од АМСМ за состојбата на патиштата:

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТМВ: Престанува важноста на забрана за тешки товарни возила од 05:50 ч. на патниот правец крак Стража – Кичево во двата правци.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТМВ: Укината е забраната за движење на ТМВ од 08.40 за патниот правец крак Маврово- Дебар

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 04:00 часот, на регионалниот пат Велес-Прилеп, превој „Плетвар“, сообраќајот се одвива нормално за сите видови моторни возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Камери Безбеден град

„Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари идната година

Системот за санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ официјално ќе започне да функционира од февруари …